ИНФО

ПОДИГНАТИ СЕ 130 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ

Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба.

Отстранетите диви депонии биле лоцирани на улиците Ферид Мурат – во близина на Пензионерскиот дом и Самоилова – до Скопското муфтиство, на булеварите Александар Македонски – кај населеното место Гази Баба и Никола Карев (Пластичарска улица) во општината Чаир, булеварот Македонско-косовска бригада – во општината Шуто Оризари, улицата Бутелска – во близина на пазарот во општината Бутел и на последната автобуска постојка на автобусот 45 во општината Гази Баба.

„Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа засилени активности за чистење диви депонии, во чиишто рамки се подигнати приближно 130 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Воедно и годинава во скопските општини каде што масовно се празнува овој празник, ќе бидат поставени посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат својот органски отпад, а претпријатието ќе спроведе активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти.“ – истакна директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Поради дефект УКИМ без вода

ЈП “Водовод и канализација“- Скопје известува дека денес поради уличен дефект ф-150...

ИНФО

Партерно се уредува Бутел 2

Започа партерното уредување и засадување на ново зеленило во населеното место Бутел...

ИНФО

ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ: Каде денес ќе нема струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека неколку...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со температура до 18 степени

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните...