МАГАЗИН

Колку гориво троши клима уредот во автомобилот

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе студија за да утврди до кој степен употребата на клима уред во возилото влијае на потрошувачката на гориво.

Добрата вест е што благодарение на модерните системи за климатизација, влијанието врз потрошувачката (а со тоа и трошоците) полека се намалува, пишува N1 Словенија.

Анализата покажала дека потрошувачката во просек се зголемува за 10 до 15 отсто, а големо влијание имаат и условите во кои се вози.

Во градот, на пример, потрошувачката се зголемува за околу 20 отсто, на автопат со просечна брзина од 100 километри на час, потрошувачката се зголемува за околу шест отсто, а максималната потрошувачка, доколку автомобилот е во мирување, е до 70 проценти.

И хрватскиот магазин ХАК пишува дека климата ќе има помало влијание врз потрошувачката доколку климата се користи автоматски наместо сами да ја регулирате температурата и да ја одредувате силата на дувањето.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....

МАГАЗИН

Пет совети кои ќе и помогнат на вашата кожа да изгледа понежно оваа зима

Зимското време има тенденција да ја остави нашата кожа сува и ронлива....

МАГАЗИН

Дали треба да ги прифатиме сите интернет колачиња? Еве на што треба да обрнете внимание

Автоматски да се прифатат сите интернет колачиња? Ако ја цените вашата приватност...