РИТАМ НА ГРАДОТ

ДЕТАЛЕН СПИСОК-КАДЕ, КОГА, КОЈ: Во што може да уживате на овогодинешното Скопско лето

Оваа недела во рамки на Скопско лето има голем избор на настани од различни области. Вчера во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација“ која предизвика голем интерес кај присутните. Корубин на публиката и се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава како и со минијатурни графики арт токен за кои допрва ќе се пишува бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил.

Денес во Музејот на македонската борба за сите љубители на класичната музика ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија. Овој настан е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.

За најмладата публика во среда ќе игра претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“ во Театарот за деца и младинци, со почеток во 19 часот.

Додека во Куршумли ан малку подоцна со почеток во 20 часот стартува концертната промоција на албумот „Вида“ на MIYATTA. Овој настан е потпомогнмат од Македонска Радио Телевизија, Буба мара радио, Институтот Јунуз Емре и уште неколку спонзори.

Фотографот Ацо Кондев со изложбата „Парис ла Дефанс“ е на програма во четврток и тоа во Културно информативниот центар со почеток во 20:30 часот.

Фоаје на НОБ

Во продукција на Снежана Богдановска – Сани ќе се одржи модна ревија како омаж на Тјери Муглер, насловена како „Ангел на ексцентричноста“ во петок на 30 јуни.Се работи за ревија на студентите на институтот Изет цури според инспирација од моделите на дизајнерот Тјери Муглер.

Специјални гости учесници се Изет Цури, Никола Ефтимов, Доминик Брунет, Игор Марков и други.

Режијата е на Анастасија Стејси Марш Богдановска.

Салон на НОБ

Саботата е резервирана за изложба на фотографии на Џон Илија Апелгрин „Забранети луѓе“ и тоа во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Малку подоцна во 21:00 е најавен Гала оперски концерт на националната опера и балет со солистите, хорот и оркестарот на НОБ. Диригентската палка е на Реваз Јавакишвили од Грузија. На програмата се арии од Верди, Пучини, Чилеа и Моцарт.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...