АКТУЕЛНО

Вардариште секојдневно гори и ги загадува околните населби

Секојдневните објави од фотографии на граѓани по социјалните мрежи со црн чад што се издига од Вардариште, не се доволни за да се реши деценискиот проблем.

Под една од објавите на Фејсбук, се одговара дека: „Цел ден инспекцијата на општина Гази Баба е на терен заедно со Противпожарна служба и МВР. Поранешната депонија Вардариште е жешка точка во поглед на спалување отпад. Прекршители не се затекнати поради тоа што го палат отпадот и заминуваат а штом догори се враќаат по металите“.

Граѓаните им сугерураат дека и инспекциите и полицијата треба да се вратат кога ќе догори, за да се најдат оние кои сакаат да ги соберат металите, заради кои и се палат каблите, или пак таму да има 24 часа служба која нема да дозволи воопшто да се запали оган.о

Но, и покрај секојдневните објави и ваквите парцијални интервенции, оваа локација, особено летно време е извор на загадување. Проблемот не го реши ниту едналокална самоуправа досега, а и ова лето дел од Гази Баба и на другата страна преку Вардар, накај Ново Лисиче, црниот чад го труе воздухот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...