ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

НАЈТОЧЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 26 ЈУНИ ДО 3 ЈУЛИ!

Нова љубовна шанса за Рибите, тајна средба за Близнаците, а еве кој има голема МОЌ НА УБЕДУВАЊЕ.

Марс и Венера се во Лав, па носат возбудливи настани на емотивен план. Сонцето влезе во Ракот, па стануваме погрижливи, но и поконцентрирани на семејството. Поради Јупитер во Бик се стремиме да заработиме што повеќе пари, но и да изработиме план за започнување независен бизнис. Поради Сатурн во Риби, полека, но сигурно го менуваме нашиот систем на вредности, а знаците кои минуваат низ најголемите промени се Стрелец, Риби, Девица и Близнаци.

ОВЕН

РАБОТА – Меркур кај Близнаците формира аспект со Нептун, па затоа сте склони кон правење погрешни проценки. Во вашата околина има личност која ве убедува да донесете погрешна одлука и треба да бидете внимателни. Марс во Лав ви носи нагли промени на кои не сте биле подготвени. Подгответе се за рушење на плановите и ненадејни пресврти. Внимавајте што потпишувате во наредните денови.

ЉУБОВ – Венера во Лав ви носи страсни средби со привлечна личност. Тоа е идеален период од годината за нови познанства, а во овој момент можете да започнете романса заснована на силна привлечност. Ако сте во брак или во врска, вашиот партнер ќе биде љубоморен.

ЗДРАВЈЕ – Послабо.

БИК

РАБОТА – Венера во Лав ви носи идеи за започнување независен бизнис. Во овој период во фокус ќе биде семејниот бизнис. Поради Меркур во аспект со Нептун, ќе добиете лажни ветувања за пари кои нема да стигнат во интервалот во кој ви биле ветени. Може да згрешите и за висината на заработката. Сонцето во Рак ви дава можност да постигнете подобри преговори во наредните денови. Добро време е да купите нов автомобил.

ЉУБОВ – Ви се допаѓаат луѓе кои се амбициозни и истрајни во своите барања. Исто така, колку и да ви е привлечно, во исто време и ве нервира, па ќе бидете растргнати меѓу желбите и можностите. Следната недела ве очекува пократко патување.

ЗДРАВЈЕ – Солидно.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА – Меркур во предизвикувачки аспект со Нептун покажува дека моментално немате јасна претстава за тоа што се случува на работа. Иако сте во позиција да ги наметнете своите ставови, знајте дека работите не се онакви какви што изгледаат. Имате нереални очекувања од деловен проект, затоа подгответе се за судир со реалноста.

ЉУБОВ – Јупитер во Бик ви носи скриени чувства, па затоа ве радува да размислувате за некој кој ви е недостапен. Можна е тајна љубовна средба. Во овој период сте расположени за флерт и пораките ќе бидат повеќе од очекуваните. Лавовите и Биковите како вас.

ЗДРАВЈЕ – Можна е настинка.

РАК

РАБОТА – Започнува сезоната на вашиот знак, па ќе почувствувате наплив на енергија која треба конструктивно да ја искористите. Сонцето во првата куќа ви носи добра организација но и моќ на убедување. Оваа планетарна позиција ви носи парична добивка, па следната недела е исклучително поволна за вас.

ЉУБОВ – Ќе имате неочекувани познанства со луѓе за кои нема да имате високо мислење, па не сте во фаза кога сте подготвени за стабилна врска. Ќе има познанства, но ништо сериозно. Ќе има почести допишувања преку социјалните мрежи. Поволно време за планирање на патување.

ЗДРАВЈЕ – Одлично.

ЛАВ

РАБОТА – Сонцето на полето на тајните ви носи неизвесен период во кој ништо не е како што изгледа. Ќе бидете поповлечени иако точно знаете која е вашата цел на работното место. Ќе наидете на препреки кон целта и тоа не треба да ве чуди, бидејќи работите едноставно нема да се одвиваат глатко како што очекувавте. Еден човек дава големи ветувања за пари, а тоа нема да биде како што вети.

ЉУБОВ – Венера во вашиот знак ви носи летен флерт и авантура, па ќе имате познаник кој ќе ви остави силен впечаток. Не треба да се чудите ако врската не се развие како што сте очекувале, но ќе има паузи. Не е добар момент да одржувате врски кои наликуваат на стандард односи, па ќе мора да промените нешто.

ЗДРАВЈЕ – Психосоматски проблеми.

ДЕВИЦА

РАБОТА – Меркур кај Близнаците продолжува да ви создава збунувачки ситуации на работното место. Не можете да се договорите со луѓе кои не се доверливи, а токму такви луѓе се присутни во вашата околина. Поради ова, ќе имате потешкотии да најдете јасна цел на работното место. Обидете се да бидете трпеливи уште неколку дена, а потоа сè ќе ви изгледа сосема поинаку.

ЉУБОВ – Венера во Лав ви носи тајна љубов и тоа трае веќе некое време. Некој е заинтересиран за вас, но не сака да го покаже тоа јавно. Ова е привлечно за вас, но во исто време и многу ризично. Чувствата не ве залажуваат и ова не е личност на која можете да се потпрете сега.

ЗДРАВЈЕ – Настинка.

ВАГА

РАБОТА – Венера во аспект со Уран ви ги расипува плановите, па постојано имате некои идеи кои треба да чекаат подобар момент за реализација. Имате голема поддршка од влијателни пријатели, но ќе сфатите дека нивните ветувања не се многу сигурни. Верувате дека на работа треба да го добиете она што го заслужувате, но големите проекти ќе се пролонгираат.

ЉУБОВ – Интересно е што во наредниот период ќе почнете да чувствувате нешто за некој со кој сте пријатели со години. Едно пријателство може да доведе до љубов, но исто толку лесно можете да жалите што го изгубивте пријателството. Ви се допаѓаат Лавовите, но и Овенот.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

СКОРПИЈА

РАБОТА – Марс и Венера во Лав ви претставуваат вистински предизвик, бидејќи се мачите да направите компромис, но и да не се карате со колегите. Имате добар период за соработка со странство, па затоа треба да се потрудите да го споите убавото и корисното. Во наредните денови можете да научите нешто дополнително за работата што ја работите.

ЉУБОВ – На работа има личност која ви претставува предизвик, но треба да знаете дека комплицираната врска може да ви биде привлечна. Ова е некој кој ви противречи и ви паѓа на нерви, но токму таа разлика ќе ви биде привлечна. Лавовите ќе ви бидат вистински предизвик во љубовта.

ЗДРАВЈЕ – Слабо.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА – Вложувате многу енергија за да ги остварите вашите амбиции на работа. Одеднаш ќе добиете понуда за соработка, која може да биде предизвикувачка, но ризична. Финансиски е одличен период, особено ако сакате вашето хоби да го претворите во бизнис. Добро време е да побарате покачување. На работа има човек кој ти го врти грбот, а тоа сигурно веќе си го сфатил.

ЉУБОВ – Меркур кај Близнаците ви носи изглед на личност која не е искрена во своите намери. Ова е некој што зборува едно, а прави друго. Најмногу ве задоволуваат луѓето кои не се од вашиот град, бидејќи сè што е далечно, но предизвикувачко, ви е привлечно. Можно е запознавање со разведена личност.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

ЈАРЕЦ

РАБОТА – Во неделата што претстои ќе има важни преговори за работата. Имате шанса да добиете договор на работата што ја заслуживте. Ако имате идеја да ја промовирате работата што ја работите, сега е добро време да го подобрите вашиот јавен имиџ. Можете да стекнете популарност.

ЉУБОВ – Ќе имате познаник со личност која е разведена или помеѓу две врски. Може да ви биде интересно, но и различно во однос на принципите кои ги имате. Ќе имате познаник со Рак.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА – Сонцето во Рак ви носи одличен период за работа. Ќе бидете добро организирани и ќе успеете да ги запазите роковите. Соработката со Лавовите и Раковите ќе биде продуктивна за вас. Иако сте во фаза кога сакате да се спротивставите на секакви искушенија на работното место, ќе видите дека работите ќе си дојдат на свое место во наредните недели.

ЉУБОВ – Меркур влегува и во Ракот, па ви дава можност да запознаете некој интересен на работа. Ќе бидете изненадени од однесувањето на една личност која ќе се обиде да го контролира вашиот живот. Ако сте во брак, вие и вашиот партнер треба да најдете компромисно решение.

ЗДРАВЈЕ – Послабо.

РИБА

РАБОТА – Сонцето и Меркур во Рак ви носат покреативна работа. Тоа може да значи и нова деловна можност која ќе ви донесе можност да го споите убавото и корисното. Конечно, ќе правите нешто што ве исполнува и ќе уживате.

ЉУБОВ – Меркур во Рак ви носи нова шанса за љубов! Ќе добиете покана за љубовен состанок и треба да ја прифатите. Некој кој е емотивен и младешки ќе ве покани на јавно место. Ова е одлична недела за нови познанства и почеток кој навистина ви е потребен.

ЗДРАВЈЕ – Добро.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 2 март

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија заедно со Марс, каде силно...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп за 26. февруари до 3. март

Прочитајте го неделниот хороскоп од 26. февруари до 3. март 2024 година...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Нeделен хороскоп од 19. до 26. февруари

Пред нас е недела полна со непредвидливи настани бидејќи во Водолија се...