Скопската полиција во вчерашните сообраќајни контроли казни вкупно 251 возач. За возење повеќе од дозволената брзина казнети се 136 возачи, а за возење без возачка дозвола казнети се 16 лица.
Освен овие, изречени се 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило и четири мерки за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Leave a comment