АКТУЕЛНО

Голем интерес за рентање на тротинетите, но дел завршуваат во Вардар

За месец и половина откако во Скопје почна изнајмувањето на електрични тротинети дневно во просек има по 2.000 изнајмувања. Од фирмата „Бин Бин“ која го спроведува овој проект во главниот град како и во неколку други градови низ Европа, велат дека се задоволни од интересот на граѓаните и 90 осто од нив соодветно ги управуваат. Но, за жал има и граѓани кои ги оштетуваат.

„Откако првите денови електрични тротинети завршуваа во контејнери и во езерцата во парк сега имаме случаи на фрлени во реката Вардар. Се обидуваме да ги поправиме, но за жал десетина се целосно надвор од употреба“, велат од „Бин Бин“.

Но, и покрај тоа што има и оштетување од „Бин Бин“ се задоволони од интересот на граѓаните. а велат дека сега и голем број компании и приватни фирми бараат да склучат договор со нив за нивните вработени.

„Предноста е што можат секаде да се остават и нашите екипи доколку регистрираат дека се изпразнети ги собираат. Доколку се однесени на некоја точка и од таму никој не ги вози одреден период повторно и од таму ги носиме на нашите пунктови“, велат од „Бин Бин“.

За користење на тротинетите потребно е да се симне апликација ‘БинБин’ на мобилен телефон. При отворање на апликацијата се отвора мапа на која се прикажуваат најблиските слободни тротинети, колку батерија имаат и уште колку време има преостанато до испразнување на батеријата. Преку апликацијата се врши и плаќањето кое пак чини 9 денари минута, но доколку преку апликацијата се стават 300 денари, добивате плус 45 денари гратис, а за 500 денари се добиваат плус 100 денари гратис. Така, цената излегува околу 7 денари за минута возење.

Низ улиците има  500 тротинети.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...