АКТУЕЛНО

Во гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ и „Корчагин“ има места и за во вториот уписен рок

Во скопските гимназии „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“ не се наполнија во првиот уписен рок и за разлика од изминатите години има слободни места и за вториот уписен рок. Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование само за „Никола Карев“ и „Георги Димитров“ во Скопје.

Приемен испит поради пријавен поголем број ученици годинава ќе се полага во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, и тоа само за струката фармацевтски техничар на албански наставен јазик. На 26 јуни во 10 часот ќе се полага биологија и хемија.

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни а, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни . Конечните ранг листи се објавија денеска.

Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование, квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни. Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо тестирање ќе се објават истиот ден.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до полноќ и на 29 јуни до 10 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 07 часот до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули најдоцна до 12 часот, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Во првото пријавување вкупно се пријавија 16.007 ученици од кои 11.205 ученици за настава на македонски наставен јазик, 4.474 ученици за настава на албански наставен јазик, 322 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик. Во првото пријавување вкупно се запишаа 1.996 ученици од кои 9.655 учениици за настава на македонски наставен јазик, 3.101 учениик за настава на албански наставен јазик, 234 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...