Скопската полиција во вчерашните сообраќајни контроли санкционирале вкупно 172 возачи. За возење повеќе од дозволената брзина казнети се 56 возачи, за возење без возачка дозвола казнети се девет лица, исто така изречени се 16 санкции за управување возило под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Освен овие, изречени се и четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Leave a comment