АКТУЕЛНО

ВОЛОНТИРАЈ – настан кој ќе ви обезбеди информации како да направите социјална промена

Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) во вторник (27 јуни) од 11:30 до 14:30 часот го организира настанот „Волонтирај!“ посветен на промовирање на духот на волонтерството и позитивното влијание врз заедницата.

На настанот се најавени музички групи, игри, меѓукултурна размена и волонтерски излет. Од ВЦС велат дека со мноштво можности за учење, активности и забава, настанот има за цел да ги инспирира поединците да ја прифатат радоста на волонтерството.

„Без разлика дали сте заинтересирани за прашања поврзани со животната средина, ги поддржувате помалку среќните или се залагате за социјални промени – ‘Волонтирај!’ ќе ви понуди и обезбеди корисни информации и контакти како да направите значајна разлика. Упатуваме топла покана до сите, без оглед дали се работи за сегашен или поранешен волонтер или, пак, љубопитен поединец за присуство на овој извонреден настан“, се посочува во најавата за настанот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...