АКТУЕЛНО

ЈАВЕН ПОВИК: Ќе се порибуваат реките и езерата во Скопје

Град  Скопје распиша јавен повик за прибирање пријави за доделување на финансиски средства за реализација на проектот „Порибување реки и езера во Скопје за 2023 година“.

Како што се наведува во самиот јавен повик, целта е избор на реализатор на порибувањето, за да се овозможи заштита на македонската пастрмка, зголемување на рибниот фонд по течението на реката Треска, вклучувајќи ги акумулациите „Матка“, „Св. Петка“, езерцата во градски парк, како и збогатување на туристичката атракција, преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов.

За реализација на овој проект се предвидени 900.000 денари, средства од буџетот на Град Скопје за 2023 година.

Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, регистрирани во Централен регистар со седиште во Скопје, согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за трговски друштва кои го исполнуваат условот и општите критериуми од овој повик и ја доставиле потребната документација. Пријавите со непотполна документација или кои што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Проектот треба да се реализира до први декември 2023 година. Предвидени локации за порибување се река Вардар со ендемска пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924), река Треска и езерото Матка, Св. Петка, исто така со ендемска пастрмка (Salmo macedonicus Karaman,1924) и езерца во Градски Парк со  крап (cyprinus carpio). Градоначалникот со решение формира Комисија за спроведување на јавниот повик. Таа ги разгледува и евалуира пристигнатите пријави за доделување на финансиски средства и документацијата доставена во прилог за реализација на проектот, подготвува записник и истиот го доставува до градоначалникот на Град Скопје.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на јавниот повик, односно јавниот повик е отворен до 28-ми месецов.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...