АКТУЕЛНО

Сред лето Општина Аеродром спроведува анкета за новата верзија на спорниот план за Лисиче

Од 3 до 10 јули ќе трае јавната анкета на новата верзија на Деталниот урбаниситички план JИ09 блок 09.01 за населбата Лисиче. Планот ќе биде изложен во просториите на основното училиште Димитар Македонски, а јавна презентација ќе се одржи на 5 јули.

Тоа значи дека граѓаните ќе треба да ги доставуваат своите забелешки сред лето и период кога почнуваат годишните одмори.

„Анкетните листови за учество во јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на училиштето. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки и предлози по предлог на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма“, се вели во објавата.

Информацијата дека планот ќе биде ставен на јавна анкета е објавен само на веб страната на Општината.

Жителите на Лисиче завчера втор пат протестираа против ДУП-от за населбата кој предвидува нови згради и бетонизација на овој дел од градот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...