АКТУЕЛНО

Центар го реализираше проектот за изучување на францускиот јазик во градинките

Децата од големите групи на градинката „13 Ноември“ од објектот Јасмин беа вклучени во едукативни работилници и настани кои ги организираше Општината во соработка со Францускиот институт во Скопје, по повод одбележување на Месецот на франкофонија.

Проектот „Да ја запознаеме Франција“ имаше за цел да го разбуди интересот кон францускиот јазик и запознавање со француската култура кај децата од предучилишна возраст, преку рана сензибилизација за рано изучување на овој јазик.

„Децата се запознаа со интересни изданија, сликовници и едукативни книги од француското книгоиздаваштво во институтот, а беа направени и посебни катчиња на оваа тема во градинката. Во Паркот на Франкофонија, градинката „13 Ноември“ организираше завршен настан на кој децата настапија и на француски песни“, велат од општина Центар.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична...

АКТУЕЛНО

Скопје разубавено со над 2.000 садници

Со садење на над 2.000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,...

АКТУЕЛНО

Ќе се градат градинки во Трубарево и Инџиково

Општина Гази Баба ја започна постапката за изградба на нови детски градинки...

АКТУЕЛНО

Утре времен сообраќај на улицата Орце Николов во Дебар Маало

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март,...