ИНФО

Спортската сала во школото „Аврам Писевски“ добива нови прозорци

Општина Карпош започна со целосна промена на прозорците во спортската сала на училиштето „Аврам Писевски“. За оваа намена од буџетот се одвоени околу 630.700 денари, а во реконструкцијата влегуваат ПВЦ конструкција вклучувајќи, рамка, крила и т-пречки, изработени од шестокоморни профили со двоен дихтунг за звучна и термо изолација.

„Овој период ги менуваме стаклата, односно прозорите во спортската сала Аврам Писевски, ќе се постават заштитни кутии, и на тој начин ќе ги заштитиме учениците од несакана незгода при кршење од топка или било што друго. Прозорите ќе располагаат со механизми за отворање и затворање, со цел да се ветрее просторијата. Покрај ова, училиштето “Аврам Писевски,, ќе биде и целосно бојадисано, учениците ќе дојдат во комплетно ново училиште. Од сега па натаму, во сите училишта бојата ќе биде антибактериска, која ќе може да се чисти и со водена крпа. Продолжуваме со овие наши инвестиции за подобрување на материјалните услови за живот и работа на нашите најмлади жители во општината“, истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Рокот на изведба на прозорите во спортската сала е 30 дена.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...