КУЛТУРА

Со доделување благодарници и признанија вечер завршува фестивалот „Стихувалки 2023“

Завршната манифестација на шестиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2023“ ќе се одржи денеска во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На свеченоста ќе биде промовирана збирката со поетски творби и ќе им бидат поделени признанија на сите 92 застапени автори, како и благодарници на помагатели и учесници.

По распишаниот конкурс за објавување поетски творби во збирката, аплицираа 172 афирмирани и неафирмирани македонски автори од повеќе градови, како и автори од соседните држави. Од нив, жири-комисијата избра 92 автори со нивните поетски творби кои се објавени во заедничка збирка „Стихувалки 2023“.

Исто така, како што е најавено, за време на манифестацијата ќе бидат соопштени традиционалните награди на трите најдобри поетски творби за деца од тројца автори, на кои ќе им бидат доделени златна плакета за првата награда, сребрена за втората и бронзена плакета за третата награда.

Плакета со специјална награда ќе се додели за најдобра песна од странски автор.

„Целта на оваа литературна манифестација е да придонесе за книжевниот и културниот развој на литературата за деца, по пат на поттикнување на креативниот и творечкиот потенцијал на поетите кои пишуваат поезија за децата. Сите објавени песни во збирката континурано беа објавувани на фејсбук страницата „Стихувалки“, со што и публиката имаше можност да гласа за своите фаворити. Гласовите на публиката влијаат, но не се одлучувачки при изборот за награди од страна на жири-комисијата“, соопштија организаторите.

Сите наградени автори ќе добијат подароци од мироносната градина на сликарот и хуманист Живко Поповски-Цветин.

Носител и организатор на проектот е издавачката куќа ЕДУКА МАК – Скопје. Автор на проектот и програмски уредник е Ели Маказлиева.

На свеченоста ќе се обратат членовите на жири-комисијата, во улога на промотори на збирката „Стихувалки 2023“ – проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Елизабета Бандиловска и Лила Арсова

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...