АКТУЕЛНО

Професор д-р Гаревски кажа кога се очекува пуштање на мостот Беласица

Професорот Михаил Гаревски во интервју за „Макфакс“ кажа дека експертизата за мостот Беласица се очекува да биде објавена идната недела, а пуштањето на мостот не може да се случи во јули.

Гаревски кажа дека на мостот не му е потребно зацврстување, туку рефреширање или лесна санација.

„Експертизата ќе биде готова најверојатно во понеделник или во среда. Тоа нема ништо да смени затоа што однапред е јасно дека според нашите анализи, не треба зајакнување на мостот. Сепак, ќе треба лесна санација“, вели Гаревски.

Гаревски кажа дека биле избрзани коментарите за тоа дека мостот ќе се пушти до средината на јули и кажа дека тоа зависи од повеќе фактори, односно отстранување на цевките под мостот, како и пронаоѓање на фирма за лесна санација.

„Иако не може точно да кажеме, меѓутоа меѓу песимистичко и оптимистичко размислување, јас очекувам мостот да биде пуштен до 1 септември. Повторувам, тоа зависи од повеќе фактори“, кажа професорот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...