АКТУЕЛНО

Дамјан Димовски од СУГС “Јосип Броз Тито” – победник на натпреварувањето за Adobe Certified Professional

Вчера се одржаа финалните натпревари за Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional, каде Град Скопје е партнер во организирањето и спроведувањето на овој многу значаен настан од областа на унапредувањето на дигиталните вештини.

Победници на натпреварувањето се Дамјан Димовски од СУГС „Јосип Броз Тито“ Скопје кој победи во натпреварувањето за Adobe Certified Professional, и Леонид Петковски од Куманово кој победи во натпреварувањето за Microsoft Office Specialist.

На натпреварувањето беше извршено тестирање во знаењето на ученици години кои ги одмеруваа своите знаења во Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint односно Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign.

Во рамки на партнерството со Certiadria во организирање на овој натпревар, Град Скопје поддржа повеќе од 3.000 ученици од средните училишта, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office и АСА испит.

Најдобрите годинава ќе ја претставуваат Македонија на светскиот натпревар во Орландо, Флорида, САД, што ќе се одржи во Август 2023 година.

И оваа година настанот е поддржан од Градот Скопје и Стопанска Банка АД Скопје, а истиот е во организација на Цертиадриа и Семос Едукација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...