МАГАЗИН

Виена повторно прогласена за најдобар град за живеење во светот

Виена повторно е прогласена за најдобар град за живеење во светот. Според годишното рангирање на „Економист Интелиџенс Јунит“ („Economist Intelligence Unit“), австриската престолнина по четврти пат во последните пет години е рангирана на првото место, објави австриската јавна радио и телевизија OРФ.

На второто место е данската престолнина Копенхаген, потоа двата австралиски града – Мелбурн и Сиднеј и канадскиот Ванкувер. Цирих пак, кој минатата година беше на третото место, сега е на шестото место.

Телевизијата забележува дека нема германски град во првите десет. Штутгарт отишол многу напред и се наоѓа на 25. место. Пред него е Париз. Според авторите на студијата, големите демонстрации против пензиската реформа го спуштиле рангирањето на француската престолнина, која минатата година беше 19-та. За споредба, Лондон годинава се најде на 46. место, а Њујорк на 69. место.

Рангирањето на градовите се базира на 30 критериуми како стабилност, здравствен систем, култура и животна средина, образование и инфраструктура. Виена нуди идеална комбинација од петте фактори, се вели во студијата. Единствено недостигаат големи спортски настани.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина

Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани...

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...