АКТУЕЛНО

БИЛЕТАРНИЦИТЕ НА ЈСП РАБОТАТ САМО ПРВА СМЕНА: Поевтин билет само до 13 часот

Дневен билет, дополнување на електронска картичка, информации… Ништо од сето ова не им е достапно на скопјани по 13 часот, бидејќи билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, веќе цел месец работат само во една смена. Во целиот град единствено и во втора смена функционира една билетарница, додека сите останати, работат само прва смена, односно од 06 до 13 часот.

Иако ова е пракса веќе неколку недели, од ЈСП ниту ги информирале граѓаните, ниту пак на страната на јавното претпријатие е наведено дека се менува работно време на билетарници. На интернет страницата и натаму под секоја скопска билетарница, односно нејзината локација стои дека истата работи од понеделник до сабота од 06-19:30 часот.

Од јавното претпријатие не одговорија на нашите прашања дали ваквото скратено работно време на билетарниците е времено, ниту пак колку ќе трае и зошто се спроведува, со оглед дека ЈСП досега немало ваква пракса.

Граѓаните коментираат дека оваа „новина“ на претпријатието најверојатно е поради недостаток на кадар, и тоа што сите билетарници моментално работат само прва смена, им предизвикува непријатности кај поголем дел од нив кои се потпираат на нивните услуги. Ваквото отстапување од стандардното работно време поставува неколку предизвици за граѓаните, што им го отежнува целосното уживање на услугите.

Една од непосредните последици од овој ограничен распоред е ограничената достапност на услуги за оние кои се потпираат на јавен превоз надвор од раните претпладневни часови. Граѓаните кои работат доцни смени, имаат вечерни обврски или едноставно бараат автобуски билети надвор од предвидената временска рамка, не им останува друг избор освен да бараат алтернативна. Како што се купување билети директно од возачи на автобусите или користење на други помалку погодни опции, плаќање со мобилен телефон за повисока цена, а и не секој го може тоа.

Недостатокот на персонал и последователните скусени работни часови, исто така, покренуваат прашања за ефикасноста и ефективноста на давателот на услугата. Иако причините за недостигот на персонал може да бидат различни и сложени, од суштинско значење е надлежните навремено да го решат ова прашање.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...