АКТУЕЛНО

АНКЕТА НА СТУДЕНТИ ОД ФИНКИ: 80 отсто од основците се соочуваат со сајбернасилство

Дури 80 отсто од децата од 9 до 12 години се соочуваат со сајбернасилство. Ова го покажа анкетата која четири студентки од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ја спороведоа во училиштето „Љубен Лапе“ во скопски Аеродром. Учениците одговориле дека разговараат со своите родители каква содржина споделуваат на социјалните мрежи, но дека и при контрола од родителите, сепак се соочуваат со сајбернасилство. За нив сајбернасилство се навредливите коментари, кои се главно од врсници, но со скриени профили.

Прашани како знаат дека се врсници, кога навредливите коментари доаѓаат од анонимни профили, учесниците во анкетата одговориле дека по одредени траги и зборови се откриваат сами тие што навредуваат и вознемируваат.

Во анкетата децата кажале дека најчесто се на социјалниоте мрежи Дискорд, Јутуб и ТикТок. Споделуваат слики и видеа, највеќе на Јутуб и на Тикток. Одговориле дека по училиште поминуваат и по неколку часа на социјалните мрежи и дека тоа го прават од забава, а не да се информираат, едуцираат.

Само 1 отсто од анкетираните се изјасниле дека имаат целосна забрана за присуство на Тикток и на Јутуб, кои истовремено се најризични за нивната возраст.

Студентките од втора година на ФИНКИ кои ја изведоа анкетата, низ кратка обука и со одговарање на многу нивни прашања, ги информирале учениците како да се заштитат од лажни вести, како од демначи на социјалните мрежи, како најбезбедно да го формираат видеоматеријалот кој сакаат да го споделат на Тикток или на Јутуб и каде да пријават во случај да доживеале некаков напад, булинг и загрозување на нивната безбедност на интернет.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...