АКТУЕЛНО

Јавен повик за доделување стипендии за спортисти – средношколци

Град Скопје објави јавен повик за развој и унапредување на младинскиот и средноучилишниот спорт со стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје ќе се стипендираат спортисти, ученички и ученици од средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Избраните стипендисти ќе добиваат секој од нив поединечно стипендија во вкупен нето износ од 24.000 (дваесет и четири илјади) денари со платен персонален данок на доход.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје.

Јавниот повик се објавува на 22.06.2023 година и трае до 03.07.2023 година.

Потребната документација, апликантите ја поднесуваат во затворен плик до Комисијата преку Архивата на Град Скопје, или преку пошта на адреса: Булевар „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, со назнака: „До Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување стипендии на спортисти – средношколци на подрачјето на градот Скопје за 2023 година“.

Јавниот повик, пријавата, Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување на финансиски средства (стипендии) на спортисти – средношколци, како и Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје за 2023 година се достапни на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...