КУЛТУРА

Промоција на дигиталната книга „Кон-текстот: дигитални осврти“ во „Буква“

Во петок (23 јуни) ќе се одржи промоција на eлектронското издание на „Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)“. Промоцијата ќе започне во 18:30 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

„’Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении од дваесет и првиот век)’ е резултат на соработката со Теа Дуза, Моника Михајловска, Ајнур Касо, Симона Трајчевска, Александра Лазороска, Павлина Коталеска, Александар Петровски, Фросина Крушкаровска, Елена Петрова, Марија Ангеловска, Татјана Танчевска, Ана Органџиска, Ивана Јовановска, Кристијан Стефановски и Андреј Медиќ Лазаревски, петнаесет тековни и/или дипломирани студентки и студенти од Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’, кои се занимаваат со книжевност и книжевна критика“, се посочува во најавата за настанот.

Книгата содржи 40 текстови посветени на делата од македонската книжевност кои се објавени во првите две децении на 21 век, како и пригоден увод со објаснување за мотивите, идејата и процесот на работа на книгата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...