КУЛТУРА

НОЌ НА КНИГИТЕ И ГОЛЕМИ ПОПУСТИ ДО ПОЛНОЌ ЗА ПОЧЕТОК НА ЛЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА ВО ТРИ

Денешниот ден, 22 јуни, ќе биде специјален ден за сите љубители на книгите – во книжарниците на ТРИ и оналјн на kniga.mk ќе има ексклузивен попуст и продолжено работно време.

Традиционално, денес го започнуваат и Летниот фестивал на книгата, под слоганот „Оди каде книгата те води“. Отворањето го одбележуваат со дополнителен попуст од 20 % на веќе снижените цени на сите изданија на ТРИ и Паблишер, вклучувајќи ги и најновите книги, и останати над 700 наслови!

Книгата ве води на книгошопинг во нивните книжарници до Ист гејт (што ќе работи до 24 часот), во Дебар Маало и во ГТЦ (што ќе работат до 22 часот), и онлајн на kniga.mk (цел ден до 00 ч.).

Разгледајте ги неверојатно снижените цени на нивниот сајт kniga.mk и одберете ги насловите што ќе ви го обележат летото. Во текот на Фестивалот ќе има и други акции, попуст до 70 %, а и скалестиот попуст што секогаш е популарен за големите читатели (дополнително намалување за купени 3, 5 или 7+ книги).

„Љубовни неврони“ од Али Хејзелвуд, „Фатени во љубовна мрежа“ од Теса Бејли, „Митот за нормалното“ од Габор Мате, „Читајте ги луѓето како книга“ од Патрик Кинг се само дел од новите најавени наслови што ќе пристигнат во текот на летото.

Бидете дел од ова големо изненадување што ви го приредува ТРИ. Оттаму ве очекуваат цел ден со убава порака: Отворете го срцето пред патот по кој ќе ве носат приказните!

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...