АКТУЕЛНО

КИСЕЛА ВОДА: Вечерва започнува Културното лето

Под слоганот „68 години – бескрајна приказна која станува се подобра“, денеска општина Кисела Вода го почнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. На настанот ќе настапат македонски изведувачи, уметници, како и хрватскиот пејач Петар Грашо.

„Се потрудивме во четири фестивалски денови да сместиме повеќе концерти и настапи, грижејќи се содржински сето тоа да биде на високо квалитетно ниво и да нуди музички стихови кои ќе одговараат за сите генерации и за сите вкусови. Настаните ќе се одвиваат во вечерните часови на две локации, во Расадник и на Три круши во Драчево“, рече Ѓорѓиевски.

Како што е најавено, вечерва диџеј сет ќе има DJ Mats, а потоа следува концерт на Два Бона. Утре вечер на Три круши во Драчево ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Во сабота, во Расадник, ќе има детска програма, а на 29 јуни, Општина Кисела Вода ќе го одбележи својот 68-ми роденден со манифестацијата „Битка на бендови“. Бендот кој ќе победи добива награда – концерт во целосна организација на Општината, а наградниот фонд е дополнет и со снимање на ЦД и за првото и за второто место. На настанот, како гости ќе настапат Д Далтонс и уште неколку изведувачи.

Истиот ден, вечерта, после сетот на DJ Mats, на сцената во Расадник, концерт ќе има групата Нокаут.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...