КУЛТУРА

Изложбата „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева од вечерва во „Мала Станица“ во Скопје

Изложбата „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева, ќе биде отворена вечерва во 19 часот во „Мала станица“ во Скопје.

-Како фотограф, родовите приказни ми дојдоа во фокусот пред неколку години. Низ работа со многу креативни луѓе кои го искажуваат својот родов идентитет на многу различни начини, успеав да научам многу и за тој идентитет и кај себе. Низ овие фотографии и кратки приказни на транс лица, дрег кралици, како и цис креативци сакам да покажам дека убавината навистина лежи во разноликоста, иако некогаш таа, за жал, е маргинализирана. Сите портрети беа (и би биле) направени во простори каде личностите можат да си бидат најкомотни да се она што сакаат да бидат пред објективот и пред себе. Фотографиите содржат и дел автопортрети посветени на истата тема – вели Богоева.

Овој проект беше започнат долго пред пандемијата, но откако се случи таа промена во светот, мислам дека оваа тема стана уште поважна. Откако моравме повеќе да се осврнеме кон себе, а помалку кон светот, мислам дека самото прашање на идентитет (родов, сексуален, професионален) стана подоминантно и живеењето во својата вистина излезе дека е од клучна важност, додава Богоева.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...