Според моменталната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи се предвидува најнизок, жолт аларм, што значи дека постои опасност од топлотен бран. Иако кон крајот на неделата се очекува промена на времето со грмежи и мал пад на температурата на воздухот, тој ќе престане веќе во недела претпладне.
„Топлинскиот удар е ненадеен колапс на организмот, а е предизвикан од често нагло, прекумерно зголемување на телесната температура и неможноста на телото да се олади со потење и да ја одржува температурата во нормални граници поради екстремно високите надворешни температури, односно временските појави на топлотен бран“, објаснуваат стручњаците.
Иако ќе биде променливо и облачно и денес и во петок, како и во сабота, во текот на сите денови се очекуваат високи летни температиру до 35 степен.
По повод првиот топлотен бран оваа сезона, лекарите потсетуваат како да се заштитиме од горештините.
„Разладете го домот, избегнувајте ги жештините, разладете го телото и пијте доволно течности, помагајте им на другите – ова се само дел од препораките како да се заштитите од големите горештини. Доколку имате здравствени проблеми, чувајте ги лековите на температура под 25 Целзиусови степени или во фрижидер (прочитајте ги упатствата за чување на лекот во упатството за лекот). Побарајте совет од лекар ако имате хронично заболување или земате повеќе лекови, особено оние за зголемено мокрење и намалување на крвниот притисок. Доколку имате вртоглавица, слабост, чувство на немоќ, вознемиреност или сте екстремно жедни и имате силна главоболка, побарајте помош, одете на поладно место што е можно поскоро и мерете ја температурата“, советуваат експертите.
Тие дополнително советуваат и пиење вода или незасладен разреден овошен сок по неколку голтки, ако се појават симптоми.
Leave a comment