Оваа вакцина треба да спречи повторување на ракот на дебелото црево и ракот на панкреасот. Научниците дошле до потенцијално револуционерно откритие кое би можело да им помогне на пациентите со два од најсмртоносните видови на рак во светот. Тие произведоа вакцина која треба да спречи повторување на ракот на дебелото црево и панкреасот.
Првата човечка студија, пренесува Daily Mail, откри дека вакцината, развиена од Elicio Therapeutics, има потенцијал да го намали ризикот од повторување, кај 100 отсто од пациентите на кои им бил отстранет туморот, но сепак имале маркери за рак во крвта.
Иако се потребни многу поголеми студии за да се потврди ефикасноста на лекот, вакцината може да ја подобри стапката на преживување кај ракот на дебелото црево и панкреасот, велат истражувачите кои ја спровеле студијата.
За разлика од другите експериментални вакцини за рак во развој, оваа не треба да се прилагоди на секој пациент, што ја прави подостапна и поевтина. Експертите ја тестирале вакцината на 25 пациенти кои имале еден од двата рак на кои се однесува, откако туморот бил отстранет.
Ова е периодот во кој пациентот, кој сè уште не е излечен, има најмалку канцерогени клетки во неговото тело, рече Паштон Каси, директор за истражување на рак на дебелото црево во Weill Cornell Medicine во САД.
По третманот, нивото на биомаркери се намалило кај дури 77 отсто од пациентите, додека останатите воопшто немале биомаркери за рак во крвта.
Како функционира вакцината?
Вакцината користи два пептиди, G12D и G12R. Тие се врзуваат за албумин, протеин во телото кој ги транспортира масните киселини до лимфните јазли. Албуминот и помага на вакцината да патува директно до лимфните јазли, каде што го активира имунолошкиот систем.
За време на третманот, вакцината се инјектира и на рацете и на нозете. Четири инјекции се даваат неделно во текот на четири недели. Пациентите го продолжија овој процес секоја втора недела две недели, а потоа направија пауза пред да започнат со тримесечниот бустер. Фазата после вакцинацијата е неопходна бидејќи по одредено време имунолошкиот одговор на вакцината слабее.
Leave a comment