АКТУЕЛНО

ВТОР ПРОТЕСТ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЛИСИЧЕ: Ќе протестираме додека Општина Аеродром не ги избрише маркичките за облакодери

Жителите на населбата Лисиче вчера попладне повторно протестираа блокирајќи го булеварот Србија против новиот Детален урбанистички план кој го подготвува Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски. Тие со транспарентни во рацете „Не за нашите имоти за вашите профити“, „Црна иднина за Лсииче“, „Стоп за урбаната мафија“ порачаа дека нема да прифатат Општината да им нацрта згради и да го бетонизира и овој дел од градот.

„Не веруваме во објавите на Општината дека планот ќе се промени и дека ќе бидат земени нашите барања. Бараме да се избришат сите маркички за згради. Лисиче секое зимо е на врвот на загадување, па тој проблем не се решава со цртање облакодери“, пораа жителите.

Откако жителите почнаа да протестираат од Општина Аеродром рекоа дека се прави нов ДУП во кој ќе бидат земени најголем број од нивните барања.

Според предлог ДУП-от во населбата која сега е само со куќи, се предвидуваат девет згради. Четири од нив се на булеварот Србија од кои три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катница со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради има на улицата 12.Македонска бригада, каде сега се куќи и со новиот план на сопствениците им се дозволува да кренат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...