АКТУЕЛНО

Петар Грашо ќе пее на роденденот на Кисела Вода

Хрватската ѕвезда Петар Грашо ќе пее во рамките на Културното лето и одбележувањето на роденденот на Општина Кисела. Културно-забавните случувања почнуваат од утре – четврток 22 јуни и ќе траат до 29 јуни, кога ќе настапат низа македонски изведувачи, уметници, како и хрватскиот пејач Петар Грашо.

Културното лето ќе има три фестивалски вечери, на 22, 23 и 24 јуни, на две локации-во Расадник (просторот спроти ООУ „Кирил Пејчиновиќ“) и на Три круши во Драчево.

Отворањето е закажано за четврток, 22.06. во Расадник. Од 21 часот диџеј сет ќе има DJ Mats, а по него, од 22 часот следи концерт на Два Бона.

На 23 јуни во петок, журката продолжува на Три Круши во Драчево, каде ќе настапат КУД Китка, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски.

Од 21 часот во недела стартува финалната вечер. За одлична журка ќе се погрижи познатиот Жаре Бербер со Галама бенд, а по него следи голем концерт на Петар Грашо кои ќе ги пее своите безвременски хитови.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...