ИНФО

Пензиите ќе се исплаќаат од 27 јуни

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26 јуни.

Од владината прес-служба соопштија дека им се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27 јуни 2023 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.06.2023 година (вторник);
за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2023 година (среда);
за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2023 година (четврток) и
за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2023 година (петок), се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне нестабилно и дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд....

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...