АКТУЕЛНО

Објавен огласот за субвенции за велосипеди, граѓаните изјавите треба да ги заверат на нотар

Град Скопје гo објави огласот за доделување субвенции за купување на велосипеди. Огласот е објавен минатата недела, но од Град Скопје не испратија информација до медиумите.

Субвенцијата за точаци е 50 отсто од вредноста но, не повеќе од 4.000 денари. Со оглед дека се предвидени за оваа намена 6 милиони денари, пари ќе има за околу 1.500 граѓани. Според огласот новина е што од оваа година изјавите треба да се заверени на нотар.

Граѓаните кои ќе аплицираат за субвенции за точаци треба да достават до Град Скопје:

-пополнето барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето ќе биде објавено на интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk)
– нотарски заверена изјава дека барателот е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за учество на овој Јавен повик.
– копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво да гласи на име на барателот, не ополномоштена од трето лице), а барателите кои немаат постојани примања да бидат регистрирани во Управата за јавни приходи со отварање на свој профил за данок на личен доход.
– доказ дека е извршено купување на еден нов велосипед и тоа со приложување на оргинал фискална сметка издадена од 1 јануари 2023 година

Апликациите се доставуваат во Архивата на Град Скопје, барака 16. Субвенции ќе има додека не се исцрпат предвидените средства односно ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...