КУЛТУРА

Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина“ и оваа година во Општина Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан” од Србија, утре (среда, 21.06.2023), ќе се одбележи отворањето на годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина” што ќе се одржи од 21. до 25. јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром.

Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката.

Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21:00 часот, а целата агенда можете да ја видите на сликите во прилог. Влезот е слободен и е дозволен само за лица над 16 години.
Ве повикуваме на уште едно театарско дружење на една од петте вечери, со кое низ смеа, забава и квалитетна програма, ќе го одбележиме доаѓањето на летото во Општина Аеродром.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...