КУЛТУРА

ЗЏМ Биг Бенд со бесплатен концерт го одбележува Светскиот ден на музиката

Денес со почеток од 21 часот, Биг Бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе одржи целовечерен концерт насловен “Jazz & Roll,” на платото пред Филхармонија Кафе Бар.

Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а влезот е бесплатен.

Светскиот ден на музиката се слави секоја година на 21 јуни. Овој датум е избран да се совпадне со летната долгоденица, ден кој ја симболизира совршената рамнотежа на светлината и темнината и служи како метафора за хармонијата и единството што музиката ги носи во нашите животи, надминувајќи ги разликите и поттикнувајќи чувство на единство.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...