Скопската полиција во вчерашните сообраќајни контроли казни вкупно 271 возач. За возење повеќе од дозволената брзина казнети се 87 возачи, за возење без возачка дозвола казнети се 26 лица, исто така изречени се 36 казни за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Освен овие, изречени се седум санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, осум мерки за некористење сигурносен појас и друго.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Leave a comment