400. ученици од општинските основни училишта на територијата на општина Гази Баба заминаа на бесплатно летување. Учениците во училишниот камп ќе бидат обучувани за основна пливачка техника, веслање кајак и SUP даска. Овој проект, општина Гази Баба го реализира во соработка со општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба.
„Утрово имав можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со финансиска поддршка од општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество на секој ученик. Во рамките на кампот учениците ќе бидат дел од спортски, едукативен и забавен дел, а најважно од се е тоа што тие ќе можат меѓусебе да другаруваат“, нагласи градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Leave a comment