КУЛТУРА

Салман Ружди добитник на Наградата за мир на германската организација на издавачи и книжари

epa10117473 (FILE) - Indian-British writer Salman Rushdie presents his book 'Two Years Eight Months and Twenty-Eight Nights' in Aviles, Spain, 07 October 2015 (reissued 12 August 2022). Rushdie and an interviewer were attacked while on stage at an event in Chautauqua, New York State, USA, on 12 August 2022. The suspect was taken into custody, New York State police said. Rushdie, who was apparently stabbed in the neck, was transported to a hospital. His condition is not yet known. EPA-EFE/JL CEREIJIDO

Салман Ружди, кој е еден од најпознатите светски автори од објавувањето на неговиот роман „Деца на полноќ“ од 1981 година, е овогодинешниот добитник на Наградата за мир на германската организација на издавачи и книжари, пренесе ДПА.

 

Седумдесет и шестгодишниот писател, кој минатата година беше тешко повреден во обид за атентат, наградата ќе ја прими оваа есен во црквата Свети Павле во Франкфурт, соопшти денеска Германското здружение на издавачи и книжари.

 

 

Британскиот автор со индиско потекло е награден за „неговиот нескротлив дух, за афирмацијата на животот и за збогатување на нашиот свет со љубовта кон раскажувањето, се вели во извештајот на жирито.

 

Неговото дело, се вели во извештајот, „ја прикажува силата што ја користат угнетувачките режими за уништување на цели општества, а исто така го слави неуништливиот дух на отпорот што го покажуваат поединечни човечки суштества“.

Авторот живее под закана по својот живот откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде фатва против него во 1989 година по објавувањето на „Сатански стихови“, за кои свештеникот рече дека го навредува исламот.

На македонски се преведени голем број негови дела. Меѓу кои: Децата на полноќта, Срам, Гримус, па дури и контроверзната „Сатански стихови“ во 1990, издадена од издавачката куќа Култура.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...