КУЛТУРА

Романот „Јамболија што лае“ од Киро Донев преведен и објавен на босански

Романот „Јамболија што лае“ од македонскиот детски писател Киро Донев (1942) е преведен и објавен на босански.

Издавач е БХ „Планјакс” од Тешањ, а Нове Цветановски, директор на „Македоника литера“ од Скопје, која го објави оригиналното издание, во рецензија напиша дека Киро Донев е автор со докажана висока естетска вредност во современата македонска детска литература.

Книгата „Јамболија што лае” е роман во кој животните зборуваат, а главни ликови се миленичиња-куче и мачка, но и пензиониран зоолог, неговата жена учител и нивниот внук. Во овој роман се се случува помеѓу спиењето и реалноста. Авторот им дарува на децата фантазија, весел креативен дух и здрава чувствителност.

Романот го преведе Жарко Милениќ, кој е најактивниот преведувач од македонски јазик и ова е десетта книга што ја превел од нашиот јазик.

Книгата е објавена со помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија, a претходно е преведена и објавена на бугарски и укрански јазик.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...