АКТУЕЛНО

Кампања на УНИЦЕФ против сајбер булинг и онлајн говор на омраза кај младите

По повод Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза, УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија започнаа нова кампања на социјалните медиуми против сајбер булингот и онлајн говорот на омраза, којашто беше создадена заедно со деца и млади лица.

Под слоганот „За булингот крај, бај-бај“, кампањата вклучува над дваесет видеа за социјалните медиуми. Некои вклучуваат пораки како „Зборовите имаат тежина, затоа бирајте ги внимателно“ за да го насочат вниманието кон штетните влијанија на сајбер-булингот. Други вклучуваат пораки коишто ги повикуваат самите млади луѓе да не бидат пасивни набљудувачи и да понудат поддршка доколку се сведоци на сајбер-булинг.

„Насекаде во светот, сајбер-булингот е секојдневна реалност за децата и младите. Повторливото навредливо однесување коешто има за цел да ги исплаши, налути или засрами оние кон коишто е насочено, влијае на нивната севкупна емоционална благосостојба и менталното здравје. Горда сум што гледам дека самите млади луѓе се собраа за да го кренат својот глас и да ја искористат својата креативност за да промовираат почит и љубезност кон своите врсници и да ги одбранат жртвите, рече Патриција Ди Џовани, претставничката на УНИЦЕФ.

Заеднички создадената кампања беше подготвена како дел од долгорочното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, чија цел е да ги вклучи децата и младите лица во справувањето со некои од најголемите предизвици со коишто се соочува нивната генерација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...