КУЛТУРА

„Антолог“ ја објави „Мутации“ од Франсис Кирпс

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Мутации“ од Франсис Кирпс.

Домашната мува Леон Зумса се буди едно утро и се наоѓа себеси преобразена во „монструозен ‘рбетник“, односно човечко суштество. Лавот од сатирата на Курт Тухолски „Лавот избега!“ мутира во поларна мечка која го истражува хипстерскиот Берлин. Моделот на статуата на Венера од приказната на Проспер Мериме „La Venus d’Ille“ работи како млад роб во „фирма“ која покажува неверојатни паралели со денешниот работен свет. „Анегдотата од последната пруска војна“ (Клајст) е поместена во иднината, каде што последните четири луѓе се борат едни против други. „Повикувањето на големата мечка“ на Ингеборг Бахман е вкрстено со митот за Чулу на Лавкрафт и резултатот е песна што потсетува чудно на Готфрид Бен.

„Мутации“ се 7 приказни и 1 песна, секоја базирана на класичен текст, од Црвенкапа до Вирџинија Вулф!

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

Франсис Кирпс е писател, сценски поет и сатиричар. Роден е во Луксембург. По завршувањето на гимназијата студирал психологија во Стразбур и работел, меѓу другото, како училиштен психолог и наставник.

Во 2000 и 2001 година бил награден на „Националниот литературен конкурс“. Набргу потоа ѝ се посветил на поетската слем-сцена и во следните години учествувал на над 500 слем и читачки сценски изведби во германското говорно подрачје. Во 2005 година, заедно со Кристијан Бартел и Анселм Нефт, го основал бонското литературно списание EГЗOT, чиј уредник бил до неговото затворање во 2015 година. Од 2014 година пишува колумни за „Вархајт“, сатиричната страница на германскиот дневен весник „Tац“.

Досега ги има објавено следниве книги: „Планета Луксембург“ (2012 год.), романот „Класот од 77 – панк-рок роман“ (2016 год.), „Мутации – 7 приказни и една песна“ (2019 год.) и „Вепар во магла“ (2020 год.).

Во 2020 година, Франсис Кирпс за „Мутации“ ги добил наградите „Servais“ и Наградата за литература на Европската Унија.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...