ИНФО

ЦУК: Нивото на Вардар е зголемено, но нема опасност од поплави

Состојбата со водостоите на реките во државава полека се смирува, нема нови врнежи и се очекува нивото на водата да се намали, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Коритото на реката Вардар во Општина Јегуновце сѐ уште е полно, но состојбата полека се смирува.

Високото ниво на реката Вардар беше причина вчера околу 18 часот да почне излевањето на водата и до вечерта да се поплават дворовите на куќите во селото Раотинце во Општина Јегуновце.

„Нивото на Вардар е генерално зголемено сѐ до излезот на државата, но нема нови пријави за поплави“, вели Ангелов.

Хидроцентралата „Вруток“, како што информира, останува затворена и не се испушта вода во Вардар токму поради зголеменото ниво на реката.

Од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи велат дека до крајот на денов се очекува постепено намалување на водостојот на река Вардар во горниот дел од нејзиното течение, додека во средниот и долниот дел од течението да има зголемување на водостојот.

Посочуваат дека изутринава е забележан и минимално зголемен водостој на реката Лепенец, а сите останати водостои на реките низ земјава се во опаѓање и тој тренд се очекува да продолжи во текот на денешниот ден.

„Сѐ уште посочуваме на внимателност во сливот на реката Вардар, каде во средниот и долниот дел од течението ќе има висок водостој во текот на денот. Генерално, се очекува постепено нормализирање на состојбата со водостоите низ земјава, но сѐ уште предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, наведуваат оттаму.

Според УХМР од утре ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. ар/дма/

 

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на ООУ Наум Охридски

– Општина Гази Баба почна со изградба на трибина во дворот на...

ИНФО

Утре протестен марш на Здружение на Украинците во Македонија

Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со...

ИНФО

Викендов зголемена облачност, засилен ветер и слаб дожд

За време на викендов ќе има зголемена облачност со локален слаб дожд...

ИНФО

Скопско кафуле сите пари од еспресото ќе ги донира за Леонид

Кафуле во Скопје денес нема да го наплаќа кафето, односно сите пари...