КУЛТУРА

Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Со ова започнува вториот дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој од годинава го воспостави Катедрата за современ танц, со цел да им се овозможи на студентите надградба и дополнителни знаења и пракса за интеграција на професионалната уметничка сцена.

Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се ориентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања, велат предавачите.

Настја Џjубан се бави со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на „danceWEB“ под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис. Настја магистрира на програмата „Кореографија и перформанс“ во Гисен и моментално работи како хонорарен кореограф, танчер и изведувач во Гизен и Франкфурт на Мајна.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена кај нас. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот „Јустус Либиг“. Таа си игра со различни форми на провокација и често ги истражува поимите за трудот, идентитетот и женското претставување во јавниот простор во нејзината работа.

Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи паралелно помеѓу Берлин и Сингапур. Во јули 2021 година магистрира на програмата за кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија. Во својата танцова и кореографска практика, Ли Мун Ваи инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина. Мун Ваи го создава соло перформансот “On Display“ во 2021 година, премиерно изведено во “Künstlerhaus Mousonturm“, Франкфурт, како дел од „Tanzfestival Rhein Main“. Тој е учесник во повеќе проекти на други кореографи како „Oracle and Sacrifice In The Woods“ во 2021 година и „Thyestes Brüder! Kapital“од 2019 година, на германската кореографка и режисерка Клаудија Босе; „Марк“ во 2017 година на сингапурскиот кореограф Даниел Кок; и „There Is Speficifisfety“ во 2018 година, соработка со малезискиот кореограф и танчер Ли Рен Син.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...