КУЛТУРА

Промоција на стихозбирката „Македонски погледи“ од Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза

Четиријазичната стихозбирка „Македонски погледи /  Sguardi macedoni / Miradas macedonias / Macedonian glances“ од авторите Ернесто Ередеро дел Кампо и Марио Де Роза ќе биде промовирана во среда (21 јуни) во кино „Фросина“ во  Младинскиот културен центар ‒ Скопје.

„Поетско патување на двајца дипломати и пријатели. Дијалог на погледи, јазици и емоции низ оваа прекрасна земја“, се вели во најавата.

Настанот ќе започне во 18:30 часот, книгата ќе ја промовира Владимир Мартиновски, модератор е Јулијана Величковска. Стиховите на македонски ќе ги чита Христина Цветаноска која воедно е и преведувач од италијански на македонски.

Во креирањето на збирката учествуваат Климентина Ѓорѓиоска, како преведувач од англиски и шпански на македонски, Јасмина Никуљска Велковска како преведувач од шпански на македонски и Маја Краљевска како автор на фотографиите во книгата.

Ернесто Ередеро дел Кампо e дипломат по професија, филозоф по образование и уметник по вокација. Како филозоф, неговите главни теми на проучување биле скептицизмот и делата на Емил Чоран и на Лудвиг Витгенштајн. Како дипломат, тој ѝ служел на Шпанија во голем број земји. Последната, Северна Македонија. Соработува како предавач со Филозофското друштво на Македонија, а ова е негова втора стихозбирка објавена на македонски јазик.

Марио Де Роза е италијански писател и поет од полуостровот Соренто. Тој е дипломат и моментално Заменик-шеф на мисијата на Италијанската амбасада во Северна Македонија, докторирал административно право и соработува со неколку универзитети. Покрај дела од правната област, има објавено и четири стихозбирки со наслов „И, конечно врне…“ (Бастоги, 2008), „Линии и граници“ (Монтедит, 2010), „Херои без ровови“ (Тигулиана, 2017), „Светулки и комарци“ (2020, последната заедно со уметникот и поет Алдо Терминиело), добивајќи награди на национални и меѓународни литературни конкурси.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...