КУЛТУРА

Под мотото „Приказните зад музиката“ почна деветтото издание на „Skopje cinema city“ по

Под мотото „Приказните зад музиката“, во Кинотеката на Македонија, вчера почна деветтото издание на фестивалот на музички документарни филмови „Skopje cinema city“. Организаторот најави остварувања богати со емоции, а почетокот беше во знакот на филмот за светски познатата нумера „Алелуја“ на Леонард Коен, подоцна препеана од повеќе други изведувачи.

„Тоа што се трудиме е според некакви критериуми да раскажеме приказни. Филмовите се визуелни приказни. Тоа се визуелни приказни кои носат богати емотивни искуства. И тоа се тие работи кои што сакаме ние да ги презентираме“, вели Ненад Георгиевски, од Здружение „Номад-Арт“- Скопје.

Пред проекцијата беше отворена изложбата „5×10“, која прикажува фотографии од концерти и фестивали на домашни и странски ѕвезди од класичната, поп, рок и џез музика, снимени од нашите фотографи Роберт Атанасовски, Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Отворајќи ја изложбата, доајенот на македонската фотографија Александар Кондев кажа дека се работи за добри автори, чии творби влегуваат во историјата и дека за нив треба познавање на занаетот, но и љубов кон музиката.

„Во моментот на фотографирање ние уживаме. Едноставно ние се пренесуваме во тој етер на уметноста што се случува. Кога ќе ја прикажеме фотографијата веќе стануваме јавна личност, а како старееме така нашите фотографии стануваат историја.Фактички, за добар дел од фотографиите не сме ни свесни кога ќе чкрапнеме со прстот во тој момент е направена една слика за историјата“, изјави Александар Кондев, фотограф и поранешен професор на ФЛУ.

Наградата за животно дело за придонес во полето на филмската музика му припадна на музичарот, композитор и аранжер Џијан Емин. Тој се заблагодари во духовит и искрен стил.

„На „Skopje cinema city“ им честитам на изборот. Не можеа подобар да направат. Сите оние настани, сите остварувања, сите т.н. успеси ако може да се наречат такви, тие се остварени преку моите другари, соработници со кои што работам цел живот. Така што оваа награда не е само за мене“, вели Џијан Емин, музичар и композитор.

Поради малиот буџет, ова е најкратко дводневно издание, откако е формиран „Skopje cinema city“, поддржан годинава од Министерството за култура и Општина Карпош. Фестивалот завршува вечерва со документарци за нашиот бенд „Леб и сол“ и за Френк Запа.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...

КУЛТУРА

Театарскиот перформанс „Лилит“ во КСП Центар-Јадро

Денес со почеток во 20:00 часот во КСП ЦЕНТАР ЈАДРО, ќе се...