КУЛТУРА

„Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген.

Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“) ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски (во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж).

Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД, итн.
Светскиот продажен агент, Левел К од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите…

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...