АКТУЕЛНО

ЗАВРШЕНИ ИСПИТУВАЊАТА НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“: Арсовска вели му треба козметичко рефреширање, а Гаревски лесна санација

Завршени се испитувањата на мостот „Беласица“ кои по налог на Град Скопје ги вршеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски. Тој и градоначалничката Данела Арсовска велат дека мостот нема серизони оштетувања и малку му треба за да се санира и пушти во употреба. За разлика од нив деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и проектантот на мостот Вукан Њагуљ според првичната состојба на терен сметаат дека оштетувањата се посериозни и потребни се детални испитувања.

Градоначалничката Арсовска викендов изјави дека мостот другата недела ќе биде пуштен за пешаци и возила, дека нема сериозни оштетувања и дека намерно во јавноста се создавало паника дека ќе биде потребна една година за санација.

„Завршени се испитувањата и констатирано е дека на мостот му треба козметичко рефреширање по што за една недела ќе биде пуштен во сообраќај. Несериозно е деканот на Градежен факултет кој седи дома болен од ковид и некој експерт кој го погледнал мостот од 50 метри далечина да даваат некакви квалификации дека ќе треба една година за санација или дека ќе треба да се урива“, рече Арсовска во саботата.

Гаревски пак ја демантира Арсовска и вели дека мостот не може да биде пуштен наредна недела.

„Наредниот понеделник ќе биде доставена експертизата која ја правевме и која покажа дека нема сериозни оштетување и потребна е лесна санација која трае 20-тина дена. Но, за да се почне со санација на бетонот треба да се отстрани цевката за парно. Значи кога ЕСМ ќе ја тргне цевката тогаш ќе се работи. Нема да треба да се врши затегнување оти каблите не се оштетени“, објаснува Гаревски.

Откако ќе заврши санацијата ќе се врши пробно товарање на мостот со тежина од 60 тони и дури потоа ќе може да биде пуштен во употреба.

Мостот „Беласица“ беше опожаен на 12 мај.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...