АКТУЕЛНО

Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари

Министерството за правда отвори канцеларија за бесплатна правна помош. Министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка .

,,Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да добијат правна помош од адвокат и фер судење.На овој начин покажуваме дека се грижиме за ранливите категории граѓани” , рече министерот за правда Кренар Лога.

Министерот Лога информираше дека во 2022 година биле поднесени 291 барање за секундарна правна помош од кои 231 се одобрени . За примарна правна помош услуга добиле 3330 граѓани.Најмногу барања за бесплатна правна помош има од областа на семејното право како што се бракоразводни парници, старателство врз деца, оставински постапки, имотни , работни спорови, должничко -доверителски односи за прашања од пензиско и инвалидско осигурување, за застапување на жртви од семејно насилство, за спорови со осигурителни компании.

На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваа претставници од УНХЦР и Канцеларијата на Совет на Европа. Претставничката на УНХЦР Моника Сандри го поздрави усвојувањето на Законот за матична евиденција со кој ќе се овозможи видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет, пристап до основните права и достоинствен живот.

Граѓаните може да се информираат за правото кое државата го дава во вид нa бесплатна правна помош на веб страницата pravnapomos.mk.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Урбани велосипедисти денес ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат...

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...