АКТУЕЛНО

Во вторник и среда пријавување за упис во средните училишта

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе биде во еден уписен рок со две пријавувања во јуни. Пријавувањето е почнато со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука, со специјална најава за средношколци преку платформата Schools.mk.

Според Конкурсот на МОН за запишување во прва година средно образование, првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24 часот и на 21 јуни до 15 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на овој линк и на интернет-страницата на МОН најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб страницата на МОН.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени истиот ден на огласната табла на училиштето и на веб страницата на МОН.

Второто пријавување на учениците за упис во средно образование ќе биде на 27 јуни  до 24 часот и на 29 јуни до 10 часот. Ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 на овој линк и на веб страницата на МОН најдоцна до 13 часот.

Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб страницата на МОН.

Квалификациско тестирање во второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на на веб страницата на МОН.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24 часот.

Пријавувањето за упис во програмата Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито” – Скопје беше спроведено од 3 до 12 мај 2023. 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...