РИТАМ НА ГРАДОТ

Скопска митска авантура во Градски парк

Настанот „Митската авантура: Скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш“ ќе се реализира денес  (недела) со почеток од 11-12:30 часот, со место на случување во Градскиот парк во Скопје. Поради типот на активноста, групата е ограничена на 10 посетители на возраст од 8-14 години. Учеството на ова игрифицирано искуство е бесплатно доколку навреме сте ги пријавиле децата за учество.

Овој настан претставува одлична можност да дознаете повеќе за македонската митологија, традиција и обичаи кои се практикуваат со столетија и тоа преку забавна гамифицирана активност во рамките на „Фестивалот на приказни за деца и млади – Крошна 2“ поддржан од издавачката куќа „Сказнувалка“.

„Митската авантура: Скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш“ претставува интерактивна социјална едукативна активност во којашто учесниците ќе имаат можност преку игрифицирано искуство кое во себе ги обединува авантуристичките игри и решавањето мистерии, да дознаат повеќе за традиционалната македонска митологија, обичаи и верувања.

Учесниците добиваат специјална рачно изработена „Митска мапа“ која интерактивно ќе биде проследена со „Магичен прирачник“, неколку сетови на специјално дизајнирани карти, токени, тајни насоки, загатки, кодови и предизвици. Нивна задача ќе биде да ги поврзат сите овие детали како сложувалка, во една логичка целина со цел да откријат како всушност почнува создавањето на волшебните приказни.

Креатор и домаќин на оваа невообичаена авантура ќе биде археологот м-р Василка Димитровска.

Настанот организиран во рамки на проектот „Да ти ја раскажам мојата приказна: протек на европски книжевни дела за млади“ финансиран од програмата „Креативна Европа“ на ЕАЦЕА.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голем музички хепенинг во Паркот на Франкофонијата

Општина Центар најавува една нова музичка приказна која своевремено ќе стане обележје...