Плоштадот Богородица во строгиот центар на градот со години е претворен во паркинг, на кој на диво се наплаќа. Вработени во цркавата стојат на влезот кој води кон плоштадот и на граѓаните им наплатуваат 100 денари за паркирање на пешачката зона. Исто така на диво се издаваат и месечни карти за 1.500 денари.
Наплатата е незаконска бидејќи за да може некој субјект да наплатува паркирање треба да добие дозвола од Советот на Град Скопје. Досега Советот на Град Скопје не дал дозвола црквата да наплатува паркирање, ниту пак ваква точка била предложена на дневен ред.
Но, и покрај тоа што немаат никаква дозвола, лица од црквата слободно си наплатуваат, а нигде ги нема инспекторите од Град Скопје да санкционираат незаконско узурпирање на простор и правање бизнис.
Изградбата на Плоштадот ја финансираа Град Скопје и Општина Центар и чини околу 5,3 милиони евра. Почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“. На него се изградени три фонтани со мермерни релјефи на кои стојат скулптури на свети Никола и свети Петар и Павле.
Leave a comment