МАГАЗИН

Меган Маркл и „Спотифај“ го раскинаа договорот за нејзината емисија

Договорот на војводата и војвотката од Сасекс со „Спотифај“ доживеа крај откако интернет-емисијата на Меган Маркл не е продолжен за втората сезона.

Заедничката изјава на брендот на Меган, „Арчевел“ и „Спотифај“ гласи: „’Спотифај’ и ‘Арчевел аудио’ спогодбено се разделија и ние сме горди на серијата што ја создадовме заедно“. Меган, инаку, беше домаќин на „Архетипи“ (назив инспириран од името на нејзиниот син Арчи), а емисијата траеше 12 епизоди, од август 2022 година. Меѓу гостите беа тенисерката Серена Вилијамс, пејачката Мараја Кери, Парис Хилтон и глумиците Минди Калинг и Констанс Ву.

Кон крајот на 2020 година, Хари и Меган потпишаа договор со стрим-платформата за интернет-емисии во облик на аудио-интервјуа, за којшто неофицијално се говореше дека вреди околу 25 милиони долари. Во декември, „Архетипи“ го освои признанието „Најдобар подкаст“ на американските награди „Пипл’с чојс авордс“ во Лос Анџелес

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Спијте подобро: Што да јадете за подобар сон?

Спиењето е природен, релаксирачки процес во кој се намалуваат функциите на некои...

МАГАЗИН

Како да создадете здрави животни навики

„Треба само да создадете здрави животни навики“, е реченицата која сите ја...

МАГАЗИН

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни...

МАГАЗИН

Зошто е добро да вдомите постаро куче

Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни...